ЧСМ Букурешт поминува низ најголемата криза во нивната кратка историја и втор пат по ред би можеле да го пропуштат завршниот турнир во Лигата на шампионите за жени.
Шампионот од 2016 година во сабота доживеа тежок пораз од Ференцварош, а ова беше нивниот прв пораз со двоцифрена разлика, 33:23 што беше причина романските медиуми да се позанимаваат со состојбата во клубот и причините за лошите резултати.
„ЧСМ добро ја започна сезоната но како одминуваше времето формата одеше во надолна линија. Кризата го остигна врвот кога Кристина Неагу се врати на теренот. Следуваше смена на тренерот Томас Риде, а неговото место го зазема Адријан Василе. Многу работи покажуваа дека играта не е баш најдобра, но нико тоа не го сфаќаше сериозно во клубот. После поразите од Есбјерг во Букурешт и оној од Ростов дојдоа победите во домашното првенство. Но кога ќе ја победите Слатина со два гола, а Бистрица и Залау со по три гола јасно е дека работите не се движат во посакуваниот правец. Навивачите исто така се вознемирени од случувањата во клубот, после поразот од ФТЦ на друштвените мрежи започнаа да пишуваат дека во тимот има многу ѕвезди, а тимската игра ја нема никаде. Постојат и вести дека тензијата во клубот расте заради финансиските проблеми. Управата на клубот за да не закасни три плати на ракометарките кои тогаш би можеле да си заминат без отштета, позајми пари и на крајот од минатата година им исплатија. Можеби баш оваа состојба на неизвесност е причина за лошите резултати. Со ваков пристап тешко е дека можат да одат по вистинскиот пат. Шанси за пласман на Ф4 се уште постојат, но за тоа ракометарките би морале да го сменат ставот и учинокот за да стигнат до тоа“, пишува романскиот Газета Спортурилор.
Во следното коло од главната рунда на Лигата на шампиони, ЧСМ Букурешт ќе игра на домашен терен против францускиот Мец.