Ракометарите на Бутел Скопје го добија двобојот против Металург со 21:19 и дојдоа до нови важни три поени со што продолжува кризата кај тимот од Автокоманда. Бутел, пак, продолжува со добрите резултати и битката за висок пласман.
Од почетокот на средбата двете екипи влегоа во надигрување речиси за секоја топка. Имаа свои периоди во кои покажуваа дека можат до подобар резултат.
Гостите од Автокоманда го добија отворањето на натпреварот. Успеаја да наметнат свое темпо, но немаше простор за многу менување во играта што резултираше со пад во ритамот во завршницата на првите 30 минути.
Металург имаше предност од најмногу два гола. Го одржуваше водството, но не успеа да направи нешто повеќе. Во финишот на првото полувреме тимот на Бутел Скопје успеа да се врати и на одмор да се замине со нерешен резултат иако можеше да има и предност.
После 12:12 во вториот дел се продолжи со надигрување. Сепак, сега домашните ја имаа контролата. Успеаја после 14:15 со 4:0 да го свртат натпреварот во своја корист и да поведат со три гола разлика која се покажа како сосема доволна.
Голманите на двете страни имаа свои моменти, но се играше цврсто и во одбрана. Тоа даваше сигурност и немаше простор за многу голови така што тоа овозможуваше Бутел да остане во предност.
Металург имаше своја шанса за да се врати во игра при 20:18 кога во 55. минута имаше играч повеќе, но освен намалување на еден гол не можеше до повеќе. Домашните имаа контрола и со само уште еден гол до крај дојдоа до 21:19 и нови три бода.
Бутел останува во горниот дел на табелата, а Металург уште е далеку од можност за плеј-оф.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА