Бранителот на титулата во српскиот шампионат, екипата на Војводина во натпревар од 4. коло беше поразена од амбициозниот тим на Динамо Панчево, кој е предводен од поранешниот тренер на ЖРК Куманово, Ненад Краљевски.
Панчево одигра подобро во вторите 30 минути, откако на полувреме имаше минимална предност од 13:12 и успеа на крај да слави со четири гола разлика, 28:24.
Со освоената победа, тимот на Краљевски ја потврди големата амбиција за новата натпреварувачка сезона, а тоа е освојување на шампионската титула.
Последниот пораз во домашниот шампионат Војводина го доживеа пред една година кога беше поразена од Црвена Звезда.