Крај на една ера – Дибиров заокружи 660 гола за Вардар во Лигата на шампионите!

Заврши европската сезона за Вардар, но денес беше ставен крај и на уште нешто поголемо, нешто што ќе се памети – Тимур Дибиров го одигра последниот натпревар за Вардар во Лигата на шампионите.

Испишуваше историја Дибиров во најелитното европско клупско натпреварување со Вардар се од неговата прва сезона 2013/2014 до денес…Уште во првата сезона во Вардар Дибиров покажа дека ќе биде фантастично засилување, во најелитното европско натпреварување постигна 72 гола, што беше негова најефикасна сезона до тогаш.

Веќе во втората си го подобри личниот рекорд со 78 постигнати голови, а во наредната остана на истата бројка. Таа бројка од 78 голови е и негова највисока до која стигна во Вардар. 78 голови Дибиров постигна и во сезоната во која Вардар по вторпат стигна до европската титула. (2018/2019).

Две сезони претходно кога Вардар првпат стигна до европскиот трон (2016/2017) Дибиров постигна 71 гол, а сезоната измеѓу тие две европски круни 70.

Претходните две сезони беа неговите најслабо ефикасни во ова натпреварување и ги заврши по 69 голови. Во денешниот последен натпревар за Вардар во Лигата на шампионите Дибиров постигна еден гол, а тоа значи дека оваа сезона ја завршува со 75 постигнати голови.

Кога се ќе се собере европската авантура „летечкиот Русин“ во Вардар ја завршува со 660 голови.

ГОЛОВИ НА ДИБИРОВ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ЗА ВАРДАР

2013/2014 – 72

2014/2015 – 78

2015/2016 – 78

2016/2017 – 71

2017/2018 – 70

2018/2019 – 78

2019/2020 – 69

2020/2021 – 69

2021/2022 – 75