
Крајот не го украси делото, но кадетките „купија“ искуство за новите предизвици (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Женската кадетска репрезентација на Македонија го заврши настапот на Мундијалот во Скопје на 12 место по поразот од селекцијата на Хрватска со 32-28. По слабото прво полувреме кога губеа со десет гола, македонските ракометарки одиграа многу подобро во вториот дел, но немаа сили за комплетен камбек во натпреварот. Ризоска даде девет гола, Дукоска шест, а голманката Јовановска имаше девет одбрани. Следните акции, женските младински селекции ќе ги имаат следното лето на кадетското и младинското ЕП.






























