Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Томислав Кушан, на крајот на оваа сезона ќе си замине од бундеслигашот Вецлар.
Хрватскиот репрезентативец го информирал раководството на клубот каде што игра и Филип Миркуловски, дека има интересна понуда и дека сака да си замине.
27-годишниот кружен напаѓач ќе ја доигра сезоната во Вецлар, но очигледно дека Бундес лигата не му е предизвик, иако претходно се обврза на договор до 2023 година.
Кушан имаше слична ситуација и во Битола, каде што имаше договор со Еурофарм Пелистер до крајот на оваа сезона, но раководството за соодветна оштета го ослободи од обврските.