Поранешниот шпански репрезентативец, Рубен Гарабаха кој пред четири месеци замина во Кина да работи со помладите генерации и да помогне во развој на спортот во земјата.
Но неговата турнеја траеше многу кратко, заради несогласувањата со федерацијата и прoмената на условите, Гарабаха одлучи да ги раскине догоорот со ферерацијата на Кина.
„По пристигнувањето во Кина ситуацијата се промени на лошо. Поради несогласувања со федерацијата на Кина за плановите, мешање во мојата работа и лошите услови за живот решив да го раскинам договорот“, изјави Гарабаха.
Тој беше во тимот кој работеше со 16 годишни ракометарки кои ги подготувваа за настап на олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 годинаа. Шпанецот е светски шампион од 2005 година со својата репрезентација, а има играно и за Барселона, Адемар Леон и Ваљадолид.