Полека спласнува еуфоријата во Хрватска по освојувањето на бронзениот медал на „кралиците на шокот“.
По вчерашниот пречек на загребскиот аеродром, ракометарките и стручниот штаб заминаа на прием во Владата на Хрватска, и беа на прием кај премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ.
Освен честитките, хрватските ракометарки ќе бидат и парично наградени за најголемиот и историски успех на женскиот репрезентативен ракомет.
Според правилникот за спортски успеси, секоја репрезентативка ќе добие по 26.000 хрватски куни или околу 3.500 евра, додека селекторот Ненад Шоштариќ ќе добие 22.000 хрватски куни или околу 2.900 евра.