Македонија вечерва го започнува настапот на осмото Светско првенство во Полска и Шведска, а ривалот е Норвешка.
Најголем дел од навивачите пристигнаа во Краков, дел ќе пристигнат викендов, а улиците на овој полски град веќе се обоени во „црвено-жолто“.
„Фалангата“ ги окупира кафулињата во централното градско подрачје, а фан-зоната за Македонците е лоцирана во пивницата „Лубич“.
Навивачи има од Скопје, Битола, Прилеп, Кочани…па овие денови Краков ќе биде „македонски град“.
Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка се игра вечерва во „Таурон Арена“ со почеток од 20:30 часот.