Коњалти на Јанеска и Гакидова ја продолжува трката за шампионската титула!

Двете интернаицоналки од Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова со Коњалти продолжуваат во победнички ритам во Турција.

Екипата на Коњалти во натпревар од 13. коло од турскиот шампионат славеше убедлива победа против Текирдаг, со резултат 41:22 (19:8).

Репрезентативката на Македонија, Моника Јанеска беше меѓу најдобрите стрелци во победничката екипа, постигна четири погодоци, додека екс ракометарката на Вардар и Металург, Ивана Гакидова поголемиот дел од дуелот го одигра во одбраната, заработи три исклучувања, па поради црвениот картон не успеа да го доигра натпреварот.

Коњалти со новата победа се позиционираше на 3. позиција на табелата. Тимот на Јанеска и Гакидова дојде до 21 бод, второпласираниот Измир на свое конто има бод повеќе, односно 22, додека актуелниот лидер и учесник во Лигата на шампионите, Кастамону има 24 бода.

Коњалти во следното коло ќе го пречека Адасокаги, додека на 11 и 19 февруари ќе игра против екипата на Измир во рамките од четвртфиналето во Европскиот Куп.