Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете интернационалки од Македонија, Ивана Гакидова и Моника Јанеска, успеа да одигра нерешено против актуелниот шампион на Турција, Кастамону.
Тимот на двете ракометарки од Македонија против учесникот од Лигата на шампионите ремизираше со 27:27 и ги задржа шансите за првата позиција на табелата.
Коњалти на полувреме имаше солидна предност од 17:12, но домаќинките во вторите 30 минути се вратија во игра и се изборија за реми.
Најефикасна во дресот на Коњалти беше екс ракометарката на Вардар, Алена Ихнева со седум погодоци. Кружниот напаѓач Ивана Гакидова трипати се запиша во листата на стрелци, додека Моника Јанеска поголемиот дел од дуелот го одигра во одбраната.
Кај Кастамону најефикасна беше екс репрезентативката на Црна Гора, Мајда Мехмедовиќ, која постигна седум погодоци.
По одиграното 12. коло, тимот на Коњалти останува лидер на табелата со 22 бода, следува Измир на второто место со 20 бода, а Коњалти на свое конто има бод помалку, односно 19 бода.