Никлас Ландин заминува од бундеслигашот Кил на крајот на оваа сезона, а раководството веќе е во потрага за замена за данскиот репрезентативец, кој се сели во Алборг.
„RTH Handball“ најави дека во комбинација за нови членови на „зебрите“ се Шпанецот Родриго Коралес, Швеѓанецот Микаел Апелгрен и Босанецот Бенјамин Буриќ.
Коралес има валиден договор со Веспрем до летото 2024 година, додека Буриќ исто така е обврзан со договор со Фленсбург до 2024 година.
Најреална варијанта е шведскиот репрезентативен голман Микаел Апелгрен, кој во моментов игра за Рајн Некар Левен.
Тој пред некое време се поврзуваше и со данскиот Алборг, но таа опција е малку веројатно дека ќе се реализира.