Кој ќе го замени Обрван во Загреб? Червар, Голужа, Хорват…

Хрватскиот шампион Загреб активно работи во потрагата по нов тренер, откако со екс селектор на Македонија, Ивица Обрван, беше прекината соработката поради лошите резултати на европска сцена, односно во Лигата на шампионите.

Како што е веќе познато, пред неколку дена челниците на „плинарите“ и Обрван ја официјално ја прекинаа соработката. По заминувањето на Обрван, екипата моментално ја предводат двајцата помошни тренери Тончи Валчиќ и Денис Шпољариќ.

Валчиќ и Шпољариќ ќе ја имаат улогата на преодни тренери бидејќи Загреб за остатокот од сезоната планира на тренерската позиција да донесе искусен тренер, кој има богато интернацонално искуство.

Според хрватскиот портал ,,Спортске Новости” во игра за преземање на тренерската позиција се искусните Лино Червар, Славко Голужа и Хрвоје Хорват. Голужа последниот клупски ангажман го имаше во словачкиот шампион Татран Прешов, додека актуелниот селектор на машката сениорска репрезентација на Хрватска, Хрвоје Хорват иако бил во преговори со бундеслигашот Штургарт, сепак, соработката била неуспешна и искусниот стратег останува само со ангажман на репрезентативно ниво.

Поранешниот тренер на Металург, Лино Червар веќе неколку сезони не е активен на ракометните терени, но не е исклучена можноста да направи камбек во најтрофејниот хрватски клуб. Червар во неколку наврати беше предводник на Загреб, последен пат во 2018 година.

Раскинаа Загреб и Обрван