Тимот на Еурофарм Пелистер од вчера и математички се пласираше во осминафиналето на второто по ранг клупско европско натпрварување, Лигата на Европа.
По триумфот на ГОГ Гудме над Тримо Требње, словенечкиот тим останува беш шанси за место во елиминациите, па таму патуваат Рајн Некар Левен, ГОГ Гудме, Кадетен Шафхаузен и битолчани.
Тимовите од групата Д ќе вкрстат со тимовите од групата Ц, а таму се чини дека Магдебург ќе ја освои првата позиција. Монпелје и ЦСКА Москва ќе бидат на второто или третото место, додека хрватскиот Нексе ќе заврши на четвртото место.
Во групата на битолчани, Рајн Некар е сигурно прв на табелата, па јасно е дека Еурофарм Пелистер нема да игра со тимот од Нашице во осминафиналето.
Останува ЕХФ во текот на утрешниот ден да ги соопшти службените победи за дел од натпреварите, па ќе биде јасно пред последното коло кој тим за која позиција конкурира.
Во последниот натпревар од групата, Еурофарм Пелистер ќе игра на гостински терен кај тимот на Кадетен Шафхаузен на 2 март од 20:45 часот.