Натпреварот од 7. коло меѓу ГРК Тиквеш и Прилеп донесе многу реакции пред сè од кавадарчани за време на натпреварот, но за истиот немаше никаква жалба ниту нешто спорно кое е ставено во билтенот за ова коло при регистрација на резултатите. Имено, се работи за еден момен во 43. минута кога играчот на Прилеп, Мириани Гавашелишвили доби двојно исклучување. Во еден момент на теренот играч на прилепчани влага порано од предвиденото и има повеќе ракометари, а тој момент може да се види на снимката. Чија е грешката во ситуацијата може да се види во правилникот за натпревари. Секако, во ваква ситуација треба да се види и дали судиите и делегатите заработуваат некакви казни поради пропусти.
Сите грешат, ама некои се казнуваат, а некои не. Медиумите се тука да укажат на грешките кои комесарите и федерациите не ги санкционираат, а учесниците на натпреварот не ги нотираат во своите записници.
Дали имаше грешки на дуелот меѓу Тиквеш и Прилеп од натпреварот од плејаутот во ракометното првенство. Ако се суди според новинарскиот извештај на новинарот на ТВ Кавадарци имало! Според записникот од натпреварот и билтенот на РФМ – немало.
Но, видеото од тој натпревар кажува дека имало нешто. Во продолжение прилогот на колегата од ТВ Кавадарци, и се разбира видеото со сите спорни моменти.
Модерната технологија зазема се поважно место во светот на спортот. ВАР технологијата во фудбалот придонесува да се намали бројот на грешки и неправди на теренот за време на натпреварот иако мислењата се поделени. Засега македонскиот фудбал е без ваква технологија. Но затоа во кошарката полека се воведува слична технологија по принципот риплеј (повторување) на клучни и сомнителни моменти.
Со ова се намалуваат грешките и неправдите за време на натпреварот и им се олеснува на судиите и делегатите да се спречи оштетување на некоја од екипите во текот на натпреварот. И во ракометот е потребно под итно да се воведе ваква или слична технологија барем за суперлигашките екипи бидејки судиите и делегатите се живи луѓе, можат да згрешат, да направат превид и сл. Последните случувања на средбата ГРК Тиквеш – Прилеп се доказ и типичен пример за потребата на ваквата технологија.