Со вчерашните натпревари од 18 коло заврши регуларниот дел од сезоната во Првата лига и познато е кои десет екипи ќе разигруваат за место во елитното друштво.
Во оваа фаза се пренесуваат бодовите освоени на натпреварите кои беа одиграни со екипите од иста група, а дополнително ќе се играат натпревари, дома и на гости, со петте екипи од другата група односно уште десет кола.
Лидер на табелата е Мулти Есенс, кој освои максимален број бодови – 24, втор е Драчево со 19 бода, додека трет е тимот на Аеродром кој собра 16 бодови во регуларниот дел.
Следуваат Младост Богданци, Македонија Ѓорче Петров, Голден Арт 2, Металург РА…па сигурно во плеј-офот нема да недостигаат интересни средби. Прво и второпласираната еккипа ќе обезбеди место во Суперлигата, а третопласираната ќе игра бараж со шестиот од суперлигашкиот плеј-аут.
Во плеј-аутот ќе разигруваат останатите седум екипи – Бисинов, Борец, Овче Поле, Текстилец, Јехона, Преспа и Партизан Гевгелија.
Утре во просториите на РФМ ќе биде одржана ждрепката за редните броеви па ќе биде познат и распоредот до крајот на сезоната.
Прва лига, плеј-оф, табела:
- Мулти Есенс 24
- Драчево 19
- Аеродром 16
- Младост Богданци 15
- Голден Арт 2 12
- Македонија Ѓорче Петров 10
- Металург РА 9
- Кичево 6
- Шампион 4
- Астраион 3