Бразилскиот лев бек Леонардо Дутра Фереира, ќе биде првото засилување во редовите на македонскиот шампион Вардар за пролетниот дел од сезоната, односно за настапите во плеј-оф фазата, каде „црвено црните” ќе ја бранат титулата во Суперлигата, но и во Купот на Македонија и во регионалната СЕХА лига.
Бразилскиот репрезентативец моментално настапува во шпанскиот тим Ла Риоха, каде што дојде минатата сезона од полскиот вицепрвак Висла Плоцк. 26-годишниот ракометар, кој може да настапува како лев и среден бек, во сезона 2021/2022 постигна 50 гола во второто по ранг европско натпреварување – Лига на Европа.
Дутра треба да се приклучи на Вардар откако ќе заврши Мундијалот во Полска и Шведска каде на списокот на бразилскиот селектор се наоѓа и новопечениот вардарец.
Бразилецот претходно настапуваше за екипата на Куенка од Шпанија и во овој клуб беше меѓу најдобрите стрелци. Погледнете дел од неговите квалитети во видеото во приложение…