Кој е најсмешен момент во ЛШ оваа сезона – погодокот што го прими Гедбан! (ВИДЕО)

Медиа тимот на Европската ракометна федерација објави компилација од најсмешните моменти од оваа сезона во Лигата на шампионите. На првото место се најде погодокот на Босанецот Марко Паниќ кој ги брани боите на Мешков Брест. Кога белорускиот тим гостуваше кај Вардар во Скопје, десниот бек постигна несекојдневен погодок, кој повеќе наликуваше на асистенција, но сепак заврши во мрежата на Калифа Гедбан.