Кој беше „најверен“ соиграч на Штербик во богатата кариера? (ФОТО)

Некогашниот голман на Вардар, а сегашен на унгарскиот Веспрем, на крајот на оваа сезона ќе ја заврши кариерата. Или веќе ја заврши, со оглед на тоа што поради борбата со коронавирусот сите првенства се во прекин.

Штербик беше дел од Југовиќ Каќ, потоа од Веспрем, па од Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Барселона, пред да дојде во Вардар и повторно да замине во Веспрем.

Низ богатата кариера Штербик имаше многу соиграчи, но македонскиот капитен Кире Лазаров веројатно е „најверниот“.

Тие играа две сезони заедно со Веспрем од 2002 до 2004 година, потоа патиштата повторно им се споија во Сиудад Реал, односно Атлетико Мадрид, каде играа исто така заедно по една сезона.

На крај беа дел една сезона и од каталонскиот гигант Барселона во сезоната 2013/2014, пред Штербик да се пресели во Вардар.

 

View this post on Instagram

 

@sterbikarpad retired In 4 different clubs together #oneandonly #thebest #memories #stayathome #staysafe

A post shared by Kiril Lazarov (@klazarov77) on