Поради ширењето на коронавирусот сите европски земји ги стопираа спортските настани, вклучително и ракометните, а некои федерации веќе отидоа дотаму што ги прогласија шампионите.
Но се уште има една земја во Европа, каде што првенството не е во прекин и се играат натпревари, а станува збор за Белорусија.
Белоруската федерација донесе одлука средбите да поминуваат без публика, но да се играат во предвидениот термин.
Во оваа држава, според листата на Светската здравствена организација има 36 заразени луѓе со коронавирусот.