Ракометарките на Романија имале тешко патување од дури 19 часа до Фарски Острови.
Репрезентативките на Романија патот кој се претворил во вистински кошмар го започнале во понеделник во 10:00 часот наутро од Букурешт. Во 12:25 часот полетале за Копенхаген каде што пристигнале во 15:00 часот. Поради силниот ветер кој дувал во областа на аеродромот летот на релација Копенхаген-Сровагур со кој требало да лета репрезентација се одложувал неколку пати.
Романските медиуми ја критикуваат одлуката на Федерација која и покрај 850.000 евра на нејзината сметка која ги имала на почетокот на годината не организирала чартер лет за претпоследниот натпревар во квалификациите за Европското првенство.
Во медиумите е објавена е и фотографија од разговорот во „ВатсАп“ групата на романската репрезентација.
Романија има обврска од победа во натпреварот против Фарски Острови ако сака да ги задржи шансите за пласман на Европското првенство.