Новиот тренер на Металург, Игор Котевски денеска официјално го презеде раководењето со екипата од Автокоманда и го одржа првиот тренинг со ракометарите.
Котевски во Металург дојде на местото на Иван Марковски, кој по завршувањето на есенскиот дел од сезоната реши да го раскине својот договор и да си замине од тимот.
Во екипата на Металург се врати и физиотерапевтот Коце Стојанов.
Металург се наоѓа на осмото место на табелата, со 21 бод, четири помалку од Охрид, Тиквеш и Пролет кои се борат за местата што водат во плеј-оф фазата. Од регуларниот дел на сезоната остануваат уште шест кола, а потоа се разигрува за титула и за опстанок.