Новиот тим во Женската лига, Металург Автокоманда, промовираше уште две засилувања пред стартот на новата сезона.
Станува збор за кадетската репрезентативка Исидора Котевска, како и за најдобриот лев бек во Ол Стар тимот за минатата сезона, Теодора Гулицоска.
Котевска беше дел од шампионот Ѓорче Петров, но реши да ја промени средината за новата сезона и да биде дел од составот на Јулијана Дамчевска, со која соработуваа на ЕП во Црна Гора.
Гулицоска беше дел од Чаир две сезони, каде беше меѓу најдобрите ракометарки, а претходно настапуваше за Стружанка и Металург.
Претходно Металург Автокоманда ги ангажира голманките Амра Терзиќ и Анастасија Тодоров, кадетските репрезентативки Анастасија Трпеска, Миа Маринчов, Михаела Кралева и Таида Беровиќ, како и Јана Калајџиевска, Марија Гугуљанова, Мила Алексоска, Габриела Костадиновска, Марија Петреска, Мила Трајковиќ и Сара Миновска.
.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.