Екипата на Струга во претпоследното коло од суперлигашкиот плеј-аут фазата за ривал го има тимот на Радовиш.
Стружани на првиот меѓусебен дуел против Радовиш немаа поголеми проблеми и стигнаа до убедлив триумф од десет гола разлика, 31:21.
Левото крило Ненад Костоски на утрешниот натпревар со Радовиш, кој во следната сезона ќе игра во Првата лига, очекува победа.
,,На гостувањето во Радовиш одиме на победа. Секако дека нема да влезиме опуштено на овој дуел, иако, ние сме фаворити, не смееме во никој случај да го потцениме Радовиш, бидејќи игра на домашен терен пред својата публика и знае некогаш да биде незгоден. Сепак, ние ќе се потрудиме да го одработиме своето и да си заминеме со цел плен од гостувањето”, изјави Костоски.
Дуелот меѓу Радовиш и Струга се игра во сабота, 20 мај, со почеток од 16:00 часот.