Викендов на програмата се натпреварите од Купот. Во елиминациското коло Охрид на домашен терен, во спортската сала „Билјанини извори“, ја пречекува екипата на Младост од Богданци.
На овој натпревар шанса ќе добијат помладите играчи во составот на охриѓани. Десното крило, Наум Костов, очекува лесен натпревар во кој победата е императив.
„Очекувам лесен натпревар кој на некој начин ќе ни биде и подготовка за последниот првенствен дуел. Младост е солидна екипа во која настапуваат неколку искусни играчи, кои имаат настапувано во добри екипи, но и млади играчи кои сакаат да се докажат. Ние како и на секој друг натпревар треба да влеземе сконцентрирано во натпреварот, да изиграме добро во одбраната, за потоа преку полу-контра и контра да забележиме лесна победа, и на тој начин успешно да ја завршиме полусезоната“, изјави Костов.
Натпреварот помеѓу Охрид и Младост се игра во сабота, 10 декември, со почеток од 17:30 часот.