Екипата на Еурофарм Пелистер обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија откако во полуфиналниот меч го совлада Бутел Скопје со 25:21.
Десното крило на Еурофарм Пелистер, Никола Костески имаше добар настап и постигна три гола во полуфиналето после натпреварот имаше свое видување за играта и резултатот.
„Влеговме во натпреварот со сериозен пристап, ова е ракомет и мора да играме максимално на секој дуел. Го спроведовме на терен тоа што се договаравме и успеавме да победиме на овој натпревар кој ни значи многу пред дуелот во недела во финалето со Вардар. Трофејот во Купот им значи на двете екипи, ќе влеземе максимално и ќе го дадеме максимумот што се надевам ќе ни го донесе долго очекуваниот трофеј во Купот на Македонија“, изјави Костески.
Финалето во купот на Македонија во кое ќе играат Еурофарм Пелистер и Вардар се игра во недела со почеток во 19:30 часот во Кавадарци.