Костески со шанса за двојна круна – Плзен ќе се бори за титулата во Чешка

Тимот на Талент Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, обезбеди место во финалето на плеј-офот од чешкиот шампионат.

Плзен го елиминира Робе Жубри во полуфиналната серија до три победи со 3-1, откако на последниот меч славеше со 38-32.

Костески го одигра првото полувреме на овој натпревар, постигна два гола од два обиди и имаше две украдени топки.

Плзен ќе се бори со тимот на Карвина за титулата во чешкиот шампионат, исто така во серија која се игра до три победи, а термините за натпреварите ќе бидат дополнително познати.

Костески и неговиот тим оваа сезона го освоија трофејот во Купот на Чешка.