Еурофарм Пелистер загуби од Фуксе Берлин со 43-34 во третиот натпревар од Лигата на Европа.
Десното крило Ненад Костески го одигра целиот натпревар и вели дека лесни голови на германскиот тим биле пресудни за високиот пораз.
„Ни фалат двајца ракометари, кои придонесуваат во играта. Се осети тоа, знаевме со каков ривал играме, брза екипа, очекувавме токму ваков ракомет. Лесни голови на Фуксе Берлин на контра и полуконтра што ја направија високата разлика, ваков тим ги казнува сите грешки. Против ваква екипа не може да биде лесно, тие се први во Бундес лигата, сериозен тим и кандидат за титулата и дома и во Европа. Не е лесно да се игра против вакви екипи, но за нас младите овие натпревари се потребни и важни да може да напредуваме“ вели Костески.
Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде гостувањето во Диселдорф во вторник кај Мотор Запорожје.