Костески одличен, Плзен не го дава врвот во Чешка

Тимот на Талент Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, е лидер на табелата во чешкиот шампионат.

Плзен на домашен терен беше подобар од составот на Страконице со 43-25 во натпревар од 21 коло.

Костески го одигра првиот дел на овој натпревар и ја заврши својата работа кога се правеше високата предност. Тој постигна четири гола.

Плзен е прв на табелата со 37 бода, додека второпласираниот Ловосице иа 34 на второто место.

Следен предизвик за Костески и Плзен ќе биде гостувањето кај последниот на табелата, Хранице, па нема сомнеж дека ќе се оствари нов триумф.