Десното крило на Еурофарм Пелистер, Ненад Костески, е дел од идеалниот тим на ТВ турнирот на шампионите во Добој.
Битолчани го освоија шестото место во босанскиот град, откако загубија од хрватскиот Загреб со 26-24.
Костески беше меѓу најдобрите стрелци во редовите на македонскиот шампион на натпреварите со Монпелје, Ал Ахли и Слога Добој.
Во идеалниот тим покрај Костески, се триото од Барса – голманот Де Варгас, левото крило Ване, десниот бек Мем, потоа левиот бек Азиз од Војводина, средниот бек Скубе од Монпелје, како и пивотменот Мохамед од Ал Ахли.
Еурофарм Пелистер по враќањето од Босна и Херцеговина, ќе се подготвува за настап на турнирот во Охрид.