Тимот на Талент Пзлен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески го освои трофејот во Купот на Чешка.
Плзен предводен од Костески славеше во финалниот натпревар против Карвина со 34-30, откако на полувремето беше нерешено, 18-18.
Десното крило беше најдобар стрелец и постигна осум погодоци, од кои два од пенал, а заработи и едно исклучување.
Поголем дел од головите на Костески беа постигнати во вториот дел кога Плзен ја правеше разликата.
За тимот на Карвина брани голманот Мартин Галија, против кој секогаш македонските репрезентативци имаа проблеми кога националниот тим играше со Чешка.
Плзен по освојувањето на Куп трофејот, е најголем фаворит и за шампионската титула во чешкиот шампионат.