Тимот на Холабрун, каде што играат македонските интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, славеше победа во последното есенско коло од Втората лига во Австрија.
Холабрун на домашен терен во натпревар од 13 коло беше подобар од составот на Фиверс со 29-25, иако на полувреме беше 12-12.
Десното крило Костески погодуваше без грешка и ги реализира сите осум обиди што ги имаше на овој натпревар и беше прогласен за играч на мечот.
Десниот бек Митков беше втор стрелец во победничкиот тим на овој дуел со шест погодоци од десет обиди.