Чешкиот првак Талент Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, продолжува победнички во новата сезона.
Плзен славеше на гостински терен кај незгодниот состав на Нове Весели со 30-27, откако и на полувреме водеше со 16-14.
Костески беше најдобар стрелец на натпреварот и успеа да постигне осум погодоци од осум обиди.
Следен предизвик за Плзен и македонското десно крило ќе биде домашниот натпревар против Фридек Мистек на 17 септември.
Брно каде што игра Дејан Кукуловски, славеше на гости кај Ловосице со 25-24, а македонскиот лев бек даде еден гол и имаше две исклучувања.
Маломерице, пак, тимот на Синиша Павлов, беше поразен на гостински терен кај Копривнице со 34-26, а Македонецот даде еден гол и имаше едно исклучување.