Тимот на Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, ја продолжи победничката серија во чешкиот шампионат.
Плзен на домашен терен го доби драматичниот натпревар против Ловосице со 37-36, кој водеше со плус три во финишот, но тимот на Костески имаше херојски камбек.
Костески беше стрелец на четири гола на овој натпревар, три во првиот дел, а еден во второто полувреме, кога Плзен го правеше пресвртот.
Сега Плзен има 24 бода исто колку и Ловосице, и се наоѓа на првото место на табелата, но тимот на Костески има и натпревар помалку.