Двајцата македонски интернационалци во чешкиот шампионат, Никола Костески и Дејан Кукуловски имаа настапи за своите екипи Плзен и Брно.
Талент Плзен славеше убедливо на гостувањето кај Хранице со 37-20, а Костески беше стрелец на три гола.
Брно загуби минимално на гостувањето кај Копривнице со 26-25, а Кукуловски постигна еден гол и имаше едно исклучување.
Плзен останува на лидерската позиција со 39 бода, а следниот меч го игра дома со Жубри, а Брно е на 9 место и следниот дуел го игра против Ловосице.