Костески: Имаме втора шанса да му вратиме на Кадетен за тоа што го пропуштивме

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против Кадетен Шафхаузен.

Десното крило Ненад Костески вели дека петте победи во низа ја задражуваат хемијата во тимот како досега.

„Остваривме пет победи во низа и натпреварот против Татран ни беше многу важен, за да ја задржиме хемијата како досега. Верувам дека ќе оствариме добар резултат во Шафхаузен. Се подготвуваме добро, ги анализираме и знаеме дека не смееме да ги потцениме. Кадетен Шафхаузен е одлична екипа. Како што знаете, тука во Битола одигравме нерешено, а тие на домашен терен знааат да одиграат добро. Затоа мора да бидеме сите заедно, цел тим како едно и да се бориме за подобар пласман понатаму во Лига Европа. Натпреварот во Битола заврши нерешено, но ете имаме втора шанса и нам ни преостанува да се обидеме да им вратиме за тоа што го пропуштивме“, вели Костески.

Натпреварот меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер ќе се игра утревечер од 20:45 часот во „ББЦ Арена“.