Македонскиот интернационалец Никола Костески игра во одлична форма на стартот на новата сезона во дресот на чешкиот Плзен.
Десното крило уште на стартот на сезоната покажа дека е големо засилување за чешкиот тим и веќе е на врвот на листата на стрелци во тамошниот шампионат.
Костески се наоѓа на првото место со 32 гола постигнати на четири меча досега, а негова партија против Фридек со 17 гола ќе остане запаметена.
Македонецот има четири гола повеќе од второпласираниот Флајшар со 28 гола, а следен предизвик ќе му биде дербито со Дукла Прага.