Тимот на Талент Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, забележа победа во првата средба од полуфиналето на плеј-офот во Чешка.
Плзен на домашен терен славеше против Робе Жубри со 30-26 во полуфиналната серија до три победи.
Костески беше меѓу најдобрите стрелци во домашниот тим и постигна четири гола, а имаше и едно исклучување.
Следните натпревари меѓу овие два тима се на 12 и на 15 април, а доколку има потреба ќе се игра евентуално и на 19 и 23 април.