Тимот на Талент Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, забележа нова победа во чешкиот шампионат.
Плзен беше подобар на гостински терен кај Татран Прешов, кој сезонава игра и во Чешка, со пет гола разлика, 37-32.
Никола Костески беше меѓу најдобрите стрелци и успеа да постигне четири погодоци од четири обиди.
Плзен со овој триумф е на првото место со 35 бода и 17 победи на 20 натпревари, а следниот меч го игра дома против составот на Страконице.