Тимот на Плзен, каде што настапува македонскиот интернационалец Никола Костески, забележа нова победа во чешкиот шампионат.
Плзен славеше на домашен терен против составот на Фридек Мистек со 31-26, иако на полувреме губеше со 15-14.
Костески одново беше најдобар на теренот со седум погодоци, од кои четири беа постигнати од седмерец.
Плзен сега е лидер на табелата во Чешка со 30 бода, 15 победи на 16 меча, додека втор е тимот на Ловосице со 28 бода.