Корона ја надминува кризата, се појави одново на картата на Романија

Иако пред неколку недели екипата на Корона се најде на сериозен удар бидејќи повеќето од ракометарките и членови на стручниот штаб и раководството беа суспендирани поради користење на недозволена терапија.

Најавата за враќање на Корона Брашов на голема врата доаѓа со најава за поставување на тренерската позиција на Симона Гогирла. Одлично познатата ракометарка која имаше забележителни настапи во репрезентацијата сега ќе има сериозна задача.

Таа ќе треба да го води клубот чие име е оцрнето и ќе треба да се исчисти во годините кои доаѓаат. Гогирла играше за овој клуб од 2005 до 2010 година и сега како тренер ќе мора да го поведе од најнизок ранг и ќе стартува буквално од нула.

Корона е тим кој во 1982 година стигна до полуфиналето во КЕШ. Покрај тоа има две титули во шампионатот на Романија,а после проблемите со интравенската ласерска терапија сè што се работеше со години беше фрлено во вода и сега клубот ќе мора одново да гради историја, но ќе биде далеку потешко.