Останаа малку суперлигашки тимови што немаа(т) позитивни случаи на коронавирус. Последен во низата е тимот на Прилеп, каде што има двајца заразени ракометари, дознава 24Ракомет.
Во текот на вчерашниот ден, Еурофарм Пелистер 2 пријави исто така два случаи, а денеска составот на Пролет објави дека има дури осум позитивни ракометари, додека останатите веќе се во изолација.
Каков ќе биде планот на РФМ во однос на многуте нови случаи во суперлигашите и дали ќе биде повторно одложен рестартот, останува да видиме во следниот период.
Според новиот план, сезоната во групата А требаше да започне на 21 октомври, додека групата Б на 22 октомври.