Корона меѓу Црногорците, Рогановиќ доаѓа на помош

Со многу проблемми се соочува младинската репрезентација на Црна Гора пред стартот на Европското првенство во Португалија.

Поради позитивни тестови на коронавирус, Црна Гора остана без селекторот Брано Божовиќ, па место него во последен момент падна одлука Зоран Рогановиќ да ги води и младинците.

Покрај селекторот Божовиќ, во комбинација нема да бидат ниту двајцата најдобри ракометари – Арсеније Драгашевиќ кој исто така има позитивен тест, како и Радојица Чепиќ, кој поради трансферот во Вецлар ќе го пропушти ова натпреварување.

Црна Гора е во група со Шведска, Хрватска и Франција.