Поради тоа што две екипи од Супер женската лига имаат заразени ракометарки со коронавирусот не можеа да играат во 6. коло, па не можеше да биде одиграно комплетното коло во натпреварувањето и затоа мораше да бидат одиграни само три средби.
Практично и 5. и 6. коло беа преполовени, а причините се различни.
Деспина и Пелистер не беа во можност да ги одиграат натпреварите поради заразени со вирусот Ковид 19, па останува да се види кога ќе можат на терен и кога нивните натпревари ќе може да бидат одиграни со оглед на тоа што календарот е згуснат.
Екипата на Чаир, пак, в саботата имаше крштевање во европските купови, па својот натпревар од 6. коло треба да го игра утре, додека за дуелот со Вардар дополнително треба да биде познат терминот за одигрување на средбата.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО
ВАРДАР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 40:19 (ИЗВЕШТАЈ)
ГЕВГЕЛИЈА – СПАРТАК 28:27 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – КУЗМАН ВАРДАР 52:12 (ИЗВЕШТАЈ)
ВТОРНИК, 13 ОКТОМВРИ
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – ЧАИР
Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Сања Божиновска и Адриана Здравковска од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ
ДЕСПИНА – ШАМПИОН
СТРУЖАНКА – ПЕЛИСТЕР
МЕТАЛУРГ е слободен