Во Првата лига досега има потврдено за позитивни ракометари на Ковид-19, но сите беа изолирани случаи и бројката не беше поголема од двајца во една екипа.
Но пред одигрувањето на последните два турнири, по кои ќе бидат познати и патниците во плеј-оф, во тимот на Вардар Неготино се откриени четири позитивни случаи!
Сите ракометари се во домашна изолација и немаат симптоми на вирусот, но и покрај тоа тренинзите и активностите во клубот се прекинати.
РФМ ќе ги одложи само натпреварите на Вардар Неготино, а веројатно другите три натпревари од 6 и 7 коло во групата Б ќе бидат одиграни.
Нејасно останува прашањето дали Неготино ќе биде домаќин на турнирот од последното коло, со оглед на тоа што Вардар нема да игра.