Гледачи кои беа на трибините на натпреварот меѓу Кил и Рајн Некар, кој беше одигран минатиот викенд завршија во карантин поради тоа што сите биле во контакт со лице кое е заболено од Корона вирусот.
Според информациите кои беа соопштени од претставник на градската администрација дури 60 лица ќе мораат во карантин. Ова е сериозна бројка особено ако се има предвид дека досега во Кил се откриени 11 позитивни случаи на инфекција со Корона вирусот.
Инаку, Бундес лигата е веќе под блокада. Нема натпревари откако последните кои се одиграа беа за време на викендот. Веќе е познато дека натпревари нема да се играат до 22 април.