Новите позитивни тестови на Ковид 19 донесоа и нови грижи кај дел од репрезентациите, а засега надвор од составот на домаќинот на Европското првенство Унгарија е десниот бек, Доминик Мате.
Според информациите тој би можел да се врати во состав доколку добие негативен тест бидејќи тој е асимптоматски позитивен и се чувствува добро, па се очекува да може да биде подготвен пред да биде соопштен финалниот состав за ЕП.
Што се однесува до селекцијата на Грција, таа ги прекина подготовките бидејќи има три позитивни ракометари. Оваа репрезентација се подготвува за претквалификациите за СП 2023, па требаше на 5 јануари да игра во Косово.
Вестите говорат дека протоколите се запазени и направено е се за да се заштитат сите и да можат без проблеми да одработат пред натпреварите во кои за ривали ги имаат и Турција и Белгија. Се очекува на 2 јануари репрезентативците на Грција да бидат на терен и да почнат одново со тренинзи.