Коронавирусот влезе во тимот на Кил. На вчерашното тестирање биле откриени два позитивни случаи, кои веднаш се пратени во изолација.
Сепак и останатите членови на тимот и стручниот штаб се наоѓаат превентивно во изолација и ќе се тестираат неколку пати пред да се вратат на обврските.
Кил утре требаше да го одигра натпреварот со данскиот Алборг oд Лигата на шампионите, но ЕХФ реши да го одложи.
Овој двобој на германскиот и данскиот првак требаше да го судат македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.