Европската ракометна федерација го одложи натпреварот меѓу францускиот Нант и хрватскиот Загреб, кој беше закажан за в четврток во Франција.
Поради неколку позитивни случаи на коронавирус, „плинарите“ нема да патуваат за Франција и ЕХФ немаше друг избор освен да го одложи мечот.
Во белорускиот првак Мешков Брест исто така има неколку позитивни случаи, па екипата заминува во карантин и нема да ги пушти ракометарите на репрезентативните акции во неделата на ЕХФ.
Нивниот натпревар од Лигата на шампионите против норвешкиот Елверум, беше одложен уште од претходно, поради строгите ковид-протоколи во скандинавската земја.