Корона влезе и во Барселона

Каталонскиот гигант Барселона објави дека еден од ракометарите е позитивен на коронавирус.

Станунва збор за данското лево крило Каспер Мортенсен, кој нема симптоми и се чувствува добро, но се наоѓа во изолација.

Останатите ракометари беа негативни на тестовите пред дуелот со хрватскиот првак Загреб и настапија на тој натпревар.

Барселона има максимален учинок на стартот на сезоната и во Асобал и во Лигата на шампионите и нема загубено ниту еден бод.